Префрли се на текстот

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Мајчиното млеко

Мајчиното млеко

 „Млечната формула за доенчиња никогаш не може да биде потполно иста како човечкото млеко“, пишува во еден прирачник за акушерки. Една од причините зошто мајчиното млеко е идеално за бебето е тоа што нејзиното тело го менува млекото според потребите на доенчето.

 Размисли: Составот на мајчиното млеко се менува во текот на секој подој. На почетокот млекото содржи повеќе протеини, витамини, минерали и вода, додека на крајот од секое доење млекото содржи повеќе масти, поради кои бебето се чувствува заситено. Нејзиното млеко се менува и зависно од возраста на бебето и годишното време.

 Во мајчиното млеко, нивото на некои хормони, како што е мелатонинот, е највисоко во текот на ноќта, додека нивото на други хормони е највисоко во текот на денот. Поради ваквата промена на нивото на хормоните во текот на денот, новороденчето се чувствува или поспано или будно. Тоа му помага да стекне правилен ритам на спиење и будност.

 Во првите неколку дена по породувањето, кај мајката се лачи млеко со жолтеникава боја, наречено колострум. Колострумот лесно се вари и е богат со хранливи состојки, па затоа дури и мала количина во стомачето на бебето ќе биде од голема корист. Колострумот содржи и многу важни антитела кои го штитат доенчето од инфекции. Освен тоа, тој има и лаксативно дејство, што помага да се исчисти дигестивниот систем кај новороденчето.

 Мајките не треба да бидат загрижени за тоа дали ќе имаат доволно млеко, дури и ако имаат близнаци, затоа што количината на млекото природно се зголемува зависно од потребите.

 Што мислиш? Дали мајчиното млеко, со своите уникатни својства, настанало по пат на еволуција или е дело на мудар Творец?