Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Нов ден доаѓа

Нов ден доаѓа

Преземи:

  1. 1. Знам дека Рајот наскоро ќе е реалност

    и верувам од сѐ срце ќе дојде светот нов.

    Но грижи штом ме притиснат,

    заборавам понекогаш

    на надежта што пред нас е и каков Татко имаме.

    Но, Тој е крај мене.

    (РЕФРЕН)

    И во молитва барам спас,

    штом мисли црни надојдат,

    рака тој ми подава.

    Не, не сум сам, Бог тука е.

    Ми дава нови сили,

    а и браќа грижливи.

    Секој ден животот е борба, знам,

    но во спокој легнувам јас,

    сите грижи на Бог ги фрлам.

    Мир ме облева,

    нов ден доаѓа.

  2. 2. Пријателе мој најмил чуј

    што ти велам јас:

    животот е убав, знај,

    кога Бог е заклон наш.

    Колку многу направил,

    Од љубов Синот свој го дал.

    Па потпри се на него ти,

    со Синот тој нѐ откупил

    и не нѐ остава.

    (РЕФРЕН)

    В молитва барам спас

    штом мисли црни надојдат,

    рака тој ми подава.

    Не, не сум сам тој тука е.

    Ми дава нови сили,

    а и браќа грижливи.

    Секој ден животот е борба, знам,

    но во спокој легнувам јас,

    сите грижи на Бог ги фрлам.

    Мир ме облева,

    нов ден доаѓа.

    (РЕФРЕН)

    В молитва барам спас

    штом мисли црни надојдат,

    рака тој ми подава.

    Не, не сум сам тој тука е.

    Ми дава нови сили,

    а и браќа грижливи.

    Секој ден животот е борба, знам,

    но во спокој легнувам јас,

    сите грижи на Бог ги фрлам.

    Мир ме облева,

    нов ден доаѓа,

    нов ден доаѓа.