Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Сапунот — „вакцина“ што си ја давате сами

Сапунот — „вакцина“ што си ја давате сами

Сапунот — „вакцина“ што си ја давате сами

„ВТОРИОТ најголем убиец на децата во светот не е ниту маларијата, ниту туберкулозата, ниту СИДА-та. Тоа е . . . дијарејата“, известува списанието The Economist. Сепак, многу од овие млади жртви ќе беа живи денес ако тие и нивните семејства редовно си ги миеја рацете со сапун.

Истражувачите на Школата за хигиена и тропска медицина во Лондон откриле дека „дијарејата може да се намали за 43% ако рацете се мијат како што треба“, пишува во The Economist. „Истото дејство може да го има и врз инфекциите на дишните патишта, кои се најголема причина за смрт на децата. Едно опсежно истражување спроведено за американската војска открило дека шмркањето и кашлањето се намалиле за 45% кога војниците си ги миеле рацете по петпати на ден“. Во неразвиените земји, повеќето семејства можат да си набават сапун. Затоа, тој со право е опишан како „еден вид вакцина што си ја давате сами“. Освен тоа, оваа вакцина воопшто не боли.

И Библијата поттикнува на чистота. „Да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“, стои во 2. Коринќаните 7:1. Иако Бог првенствено е заинтересиран за нашата духовна чистота, тој смета дека и физичката хигиена е важна (Левит, поглавја 12—15). Се разбира, тој не очекува да одиме во крајности. Сепак, треба да стекнеме навика да си ги миеме рацете откако сме го користеле тоалетот, откако сме го избришале бебето или сме му ги менувале пелените, пред да подготвуваме оброк или пред да јадеме, како и во секоја друга прилика кога постои голема веројатност дека би можеле да им пренесеме штетни микроби или вируси на другите. Ако редовно си ги миеме рацете, покажуваме христијанска љубов кон нашето семејство и кон сите со кои ќе дојдеме во контакт (Марко 12:31).