Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Мит или факт?

Мит или факт?

Мит или факт?

Христијанскиот старешина Тимотеј ги советувал оние што сакале да му служат на вистинскиот Бог да не обрнуваат внимание на „изопачени учења“ и „митови“ (1. Тимотеј 1:3, 4, Радосна Вест). Мораме ли и денес да се чуваме од овие работи? Да, зашто погрешните сфаќања за Библијата и за учењата во неа ги одвраќаат луѓето од вистинската религија. Долу се наведени некои вообичаени сфаќања што луѓето ги имаат за Библијата. Забележи што вели самата Библија. Ова ќе ти помогне да ги одвоиш митовите од фактите.

Мит: Библиските чуда се невозможни.

Факт: Луѓето треба уште многу да учат за Божјите творби. Ниеден научник не може потполно да ја објасни гравитацијата, точно да ги дефинира сите делови на атомот, ниту да го објасни времето. „Можеш ли да ги сфатиш Божјите длабочини? Можеш ли да ги сфатиш границите на Семоќниот?“ (Јов 11:7). Бидејќи не можеме потполно да ги сфатиме творбите, научниците сѐ поретко велат дека некои работи се невозможни.

Мит: Сите религии водат до Бог.

Факт: „Ако останете во моите зборови“, рекол Исус, „навистина сте мои ученици, и ќе ја запознаете вистината, и вистината ќе ве ослободи“ (Јован 8:31, 32). Кога сите религии би воделе до Бог, зарем на нивните членови би им требало да бидат ослободени? Всушност, Исус поучувал дека само малкумина одат по „патот што води во живот“ (Матеј 7:13, 14).

Мит: Сите добри луѓе одат на небо кога ќе умрат.

Факт: „Кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир. Праведниците ќе ја поседуваат земјата и ќе живеат на неа засекогаш. Надевај се на Јехова и држи се за неговиот пат. Тој ќе те возвиши, и ти ќе ја поседуваш земјата“ (Псалм 37:11, 29, 34). Само 144.000 верни луѓе одат на небото. Ним Бог им дал задача да „царуваат над земјата“ (Откровение 5:9, 10; 14:1, 4).

Мит: „Стариот завет“ повеќе не им е од корист на христијаните.

Факт: „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно“ (2. Тимотеј 3:16, 17). „Сѐ што беше некогаш напишано, напишано е за наша поука, за преку својата истрајност и преку утехата од Писмата да имаме надеж“ (Римјаните 15:4). „Стариот завет“, или Хебрејските списи, е важен извор на духовни поуки и ни дава темел за верата во „Новиот завет“, односно Христијанските грчки списи.

Мит: Поголем дел од книгата 1. Мојсеева, вклучувајќи го и записот за Адам и Ева, е симболика.

Факт: Во своето евангелие, Лука го запишал родословието на Исус сѐ до Адам (Лука 3:23-38). Кога 1. Мојсеева би била мит, тогаш каде во родословието би завршиле имињата на вистинските ликови и каде би почнале измислените? Исус, кој постоел на небото пред да дојде на Земјата, верувал во она што било запишано во 1. Мојсеева, вклучувајќи го и записот за Адам и Ева (Матеј 19:4-6). Според тоа, кога 1. Мојсеева се става под знак прашалник, тогаш под знак прашалник се ставаат и Исус и многу од библиските писатели (1. Летописи 1:1; 1. Коринќаните 15:22; Јуда 14).