Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Оклопот на бубачката Cyphochilus

Оклопот на бубачката Cyphochilus

Случајно или создадено?

Оклопот на бубачката Cyphochilus

Бубачката Cyphochilus има оклоп од лушпи што се преклопуваат и се десетпати потенки од човечко влакно. „Кога ги ставив под електронски микроскоп, како да се најдов во друг свет“, вели д-р Пит Вукусич, кој предава на Ексетерскиот универзитет во Британија. „Тоа просто не може да се опише со зборови.“

Размисли: Професор Вукусич открил дека светлата бела боја кај оваа бубачка воопшто не се должи на некаков пигмент, туку на големината на филаментите (влакненцата) од кои се состојат лушпите, како и на празнините помеѓу нив. Оваа структура многу ефикасно ја распрснува светлината. „За да се добие толку бела боја, треба да се нанесе двојно подебел слој од минерални состојки, слични на оние што се користат при изработка на најквалитетната хартија, пластика и на некои бои”, известува Science Daily.

Научниците мислат дека оклопот на оваа бубачка ѝ овозможува да се скрие меѓу белите габи, каде што честопати може да се најде. Меѓутоа, стручњаците се најмногу заинтересирани за тајната на бојата на оваа мала бубачка, која би можела да им користи на луѓето, на пример, во изработката на бели синтетички материјали. Професор Вукусич вели дека белината на хартијата, забите, па дури и на вештачката светлина „значително би се подобрила ако идеите кои можеме да ги добиеме од градбата на оваа бубачка се применат во технологијата“.

Што мислиш? Дали оклопот на бубачката Cyphochilus настанал случајно или е дело на мудар Творец?

[Слика на страница 24]

Бубачката „Cyphochilus“ е голема колку врв на прст

(фотографијата е зголемена)

[Извор на слика]

Оддел за ентомологија на Универзитетот „Касетсарт“, Бангкок