Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Табаки — козметички производ од дрво

Табаки — козметички производ од дрво

Табаки — козметички производ од дрво

◼ Во сушниот југозападен дел на Мадагаскар, жените ја пребаруваат плажата во потрага по школки што им ги продаваат на туристите. Лицата им се намачкани со бела паста што ја викаат табаки. Оваа извонредна повеќенаменска маска за лице ја штити кожата од јакото сонце, но служи и како козметичко средство.

Табаки се прави од беликата (слојот меѓу кората и срцевината) на дрвјата масунѕуани и фихами, наречено и авиави. Постапката е едноставна: жената трие мало парче белика од рамен камен, при што одвреме-навреме додава по неколку капки вода за да добие паста. Со помош на мало дрвено или пластично стапче со заоблен врв или со фино шило таа зема од пастата со која може да нацрта и шари на лицето.

Некои жени нанесуваат табаки по целото лице, оставајќи само мал дел околу очите. Други го ставаат само на челото, образите или брадата. Табаки може да се користи за да се прикријат дамки, да се третира мрсна кожа или како козметичко средство. Понекогаш се додаваат и други состојки, што значи дека постојат безгранични комбинации од форми, бои и густина.

Кој би помислил дека постои козметички производ од дрво? Во Мадагаскар, далеку од модните центри на Париз и Њујорк, табаки е необично, но практично козметичко средство.