Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Поглед во светот

„Христијанскиот Бог не е мртов во Америка, но Неговото влијание врз нашата политика и култура е помало од кога и да е порано во поновата историја“ (NEWSWEEK, САД).

„Рецесијата и економските превирања влијаат врз една посебна општествена група: брачните двојки кои не можат да си дозволат развод. Во овие тешки времиња, за многумина е поисплатливо да продолжат да живеат под ист покрив, дури и кога не се поднесуваат“ (THE WALL STREET JOURNAL, САД).

Според една анкета, секоја трета мајка во Германија учи од својата ќерка за модата, за пријателствата, како да биде „кул“ или како да има поголема самопочит (BERLINER MORGENPOST, ГЕРМАНИЈА).

Антитела за цел живот

„И по девет децении откако се повлече најсмртоносниот грип во историјата, крвта на преживеаните содржи моќна заштита од вирусот од 1918 год., што покажува колку траен е човечкиот имунолошки систем“, стои во International Herald Tribune. Откако ја испитале крвта на постари лица што го преживеале шпанскиот грип, научниците нашле „антитела кои сѐ уште кружат низ телото, спремни да ги уништат вирусите на стариот грип“. Користејќи ги овие антитела, истражувачите направиле вакцина што излекувала глувци кои претходно биле намерно заразени со смртоносниот грип. Научниците се одушевени од трајноста на имунолошкиот систем. „Господ ни дал антитела за цел живот!“ — рекол еден од нив. „Тоа што нема да те убие, ќе те направи посилен.“

Прашања до Бог

„Ако си добар, зошто постои страдање?“ Ова е едно од прашањата што студентите во Шведска би сакале да му ги постават на Бог доколку би било можно такво нешто, вели шведскиот дневен весник Dagen. Како што покажа истражувањето, други важни прашања се: „Која е смислата на животот?“ и „Што се случува по смртта?“ Шведска е позната како нерелигиозна земја. Сепак, „постои интерес и за овие прашања“, вели еден претставник на Христијанската студентска организација што го спроведе истражувањето. „Младите размислуваат за вакви теми.“

Инвалидитетот ја зголемува брачната среќа

„Без оглед на возраста, и мажите и жените изјавија дека нивниот брачен живот се подобрил откако имаат некаков физички хендикеп“, велат истражувачите. Тешко е кога човек повеќе не може да ги извршува секојдневните задачи, но тоа истовремено може да ги зближи брачните партнери. Особено постарите мажи тврдат дека подобро го користат времето што го минуваат со своите сопруги. „Тоа што мажите преземаат грижа за брачниот другар или го прават тоа поинтензивно им дава можност да ги поддржат сопругите, да минуваат повеќе време со нив и да ги ценат“, вели д-р Карен Роберто, директор на Центарот за геријатрија при Државниот универзитет на Вирџинија (САД).