Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Неверојатната цврстина на коската

Неверојатната цврстина на коската

Случајно или создадено?

Неверојатната цврстина на коската

● За коската се вели дека е „инженерско ремек-дело со извонредна издржливост на истегнување, јакост под притисок и еластична сила“. Зошто?

Размисли: Човечкиот скелет се состои од околу 206 коски и 68 зглобови. Најдолга е бутната коска, а најмала е т.н. стремен, кој се наоѓа во нашето уво. Како што може да се види кај еден вешт гимнастичар, коските, мускулите, ’рскавиците и зглобовите го прават телото неверојатно еластично и подвижно. Според Националниот институт за вселенски биомедицински истражувања, „само палецот би можел да го увери секого дека архитектот на нашето тело (сеедно кој мислиме дека е тоа) е вистински генијалец!“

Коските можат да поднесат многу силни набивања. „Нивната конструкција е иста како онаа на армираниот бетон“, велат претставници на овој институт. „Челичната арматура му дава на бетонот издржливост на истегнување, а цементот, песокот и каменчињата му даваат јакост под притисок. Меѓутоа, јакоста под притисок што ја има коската е поголема од онаа кај најдобро армираниот бетон.“ „Би сакале да можеме да го копираме тоа“, вели Роберт О. Ричи, професор по наука за материјали на Калифорнискиот универзитет во Беркли (САД).

Коската, за разлика од бетонот, е важен составен дел од телото на безброј живи организми. Освен тоа, таа не е мртва материја. Може самата да се обновува, да следи инструкции од хормоните, кои влијаат врз нејзиниот раст и развој, па дури и да создава црвени крвни зрнца. Исто така, слично како мускулите, коската постепено станува поцврста сразмерно на оптоварувањето на кое е изложена. Од таа причина, еден атлетичар има потешки коски отколку едно физички неактивно лице.

Што мислиш? Дали коската настанала случајно или е дело на мудар Творец?

[Слика на страница 25]

Структура на коска (гледано под микроскоп)

[Извори на слики на страница 25]

Коски на ногата: © MedicalRF.com/age fotostock; гро-план: © Alfred Pasieka/Photo Researchers, Inc.; гимнастичар: Cultura RF/Punchstock