Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Случајно или создадено?

Хидрофиличните покрилци на еден бумбар

Хидрофиличните покрилци на еден бумбар

● Околу 900 милиони луѓе во светот немаат чиста вода за пиење. Во многу области, жените и децата патуваат многу далеку во потрага по вода и потоа ја носат дома. Шреранг Чатри, инженер на Институтот за технологија во Масачусетс, вели: „Мислам дека е ужасно тоа што сиромашните луѓе мора со часови да пешачат само за да задоволат една основна потреба“. За да го решат овој проблем, Чатри и неговите колеги го истражуваат „собирањето магла“, а инспирација за тоа им е бумбарот Stenocara gracilipes.

Размисли: Секое утро, над пустината Намиб во Африка се спушта магла. Бумбарот Stenocara gracilipes ја користи таа прилика, која трае прилично кратко, и се свртува кон ветрот под исправниот агол. * Испапчувањата на покрилците се направени од хидрофилична супстанција која ја собира влагата. Така се формираат сѐ поголеми капки. Потоа, благодарение на гравитацијата и непропустливите вдлабнатини меѓу испапчувањата, капките се слеваат по покрилците на бумбарот право во неговата уста.

Чатри и неговите колеги сакаат да користат сличен принцип за да собираат вода за пиење за луѓето. Се разбира, за да преживеат, на луѓето им треба повеќе вода отколку на бумбарот. А голем предизвик е и да се набават потребните финансиски средства. Сега-засега, собирањето магла за потребите на луѓето е „проект во тек“, вели Чатри.

Што мислиш? Дали хидрофиличните покрилци на бумбарот Stenocara gracilipes настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?

[Фуснота]

^ Забележано е дека и други видови бумбари собираат вода на сличен начин.

[Слика на страница 22]

Се формираат капки вода кои се слеваат во устата на бумбарот

[Извор на слика на страница 22]

Фотографија: Chris Mattison Photography/photographersdirect.com