Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Семејно катче

Семејно катче

Семејно катче

Што недостига на сликава?

Прочитај 1. Летописи 16:1, 2, 4-10, а потоа разгледај ја сликата. Што недостига на неа? Запиши ги одговорите на празните линии. Доврши го цртежот така што ќе ги поврзеш точките, а потоа обој го.

1) ․․․․․

2) ․․․․․

3) ․․․․․

[Графикон]

(Види во публикацијата)

ЗА РАЗГОВОР:

Дали Јехова се радува кога го славиме со песни и со музика? Зошто?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Летописи 5:13, 14; Ефешаните 5:19.

Можеш ли да се сетиш и на други библиски стихови кои потврдуваат дека пеењето било дел од обожавањето на вистинскиот Бог?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај 2. Мојсеева 15:1-20; Марко 14:26; Дела 16:25.

Што може да ти помогне да му пееш на Јехова дури и ако си срамежлив или ако мислиш дека другите пеат подобро од тебе?

МАЛА ПОМОШ: Прочитај Псалм 33:1-3.

СЕМЕЕН ПРОЕКТ:

Секој член на семејството нека си избере омилена песна за фалба на Јехова. Како семејство, вежбајте ги тие песни додека не ги научите.

Сочувај и учи

Исечи, превиткај и сочувај

БИБЛИСКА КАРТИЧКА 17 ЈОНА

ПРАШАЊА

А) Јона бил испратен да проповеда во ․․․․․, каде што живееле преку ․․․․․ луѓе.

Б) Иако Јона на почетокот побегнал од својата задача, каков храбар подвиг направил за да ги спаси другите?

В) Доврши ја следнава библиска изјава: „Јона беше во утробата...“

[Табела]

4026 пр.н.е. Адам бил создаден

Живеел околу 840 пр.н.е.

1 од н.е.

98 од н.е. Напишана последната библиска книга

[Карта]

Побегнал од Гат-Ефер во Тарсис

Гат-Ефер

ТАРСИС

Ниневија

ЈОНА

ПОДАТОЦИ:

Јеховин пророк кој служел за време на владеењето на цар Јеровоам II (2. Царевите 14:23-25). Јехова го поучил Јона да не мисли на себе, туку на другите (Јона 4:6-11). Од она што му се случило на Јона учиме дека Јехова е многу стрплив, милостив и добар со грешните луѓе.

ОДГОВОРИ

А) Ниневија, 120.000 (Јона 1:1, 2; 4:11).

Б) Им рекол на морнарите да го фрлат од бродот за да се смири морето (Јона 1:3, 9-16).

В) „...на рибата три дена и три ноќи“ (Јона 1:17).

Земји и народи

4) Се викаме Мелиса (9) и Едило (7). Живееме во Куба. Отприлика колку Јеховини сведоци има во Куба — 51.000, 91.000 или 131.000?

5) Која точка покажува каде живееме ние? Заокружи ја и означи со точка каде живееш ти, а потоа види дали си близу или далеку од Куба.

А

Б

В

Г

Деца, најдете ги сликите!

Можеш ли да ги најдеш овие слики во ова списание? Опиши со свои зборови што се случува на секоја од нив.

За да отпечатиш повеќе примероци од рубриката „Семејно катче“, отвори www.pr418.com

● Одговорите за „СЕМЕЈНОТО КАТЧЕ“ се на 14. страница

ОДГОВОР НА ПРАШАЊАТА ОД 30. И 31. СТРАНИЦА

1) Шатор што го покрива ковчегот на сојузот.

2) Харфа.

3) Труба.

4) 91.000.

5) В.