Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Свет

„Секоја година, речиси 3 милиони бебиња умираат во првиот месец од животот, иако во најголем број случаи тоа можело да се спречи. Повеќе од третина од овие бебиња умираат уште истиот ден кога ќе се родат“ (Меѓународна организација „Спасете ги децата“).

Британија

Според Агенцијата за јавно здравје во Англија, во 2011 год., во 15 лондонски општини се зголемил бројот на смртни случаи како последица од загадениот воздух. Иронично е тоа што дизелот се промовира како еколошко гориво затоа што е поекономичен и испушта помалку јаглерод диоксид, а сепак 91 отсто од загадувањето во тие места доаѓа од дизел возилата.

Русија

Според една анкета што во 2013 год. ја спроведе Рускиот центар за истражување на јавното мислење, околу 52 отсто од Русите кои се изјасниле како православни верници рекле дека немаат прочитано ништо од Библијата, а 28 отсто изјавиле дека ретко се молат.

Африка

Во еден извештај на Светската банка се вели дека дилемите околу сопствеништвото на обработливото земјиште го спречуваат земјоделското производство и ја зголемуваат сиромаштијата. Половина од некултивираната обработлива почва во светот — околу 202 милиони хектари — се наоѓа во Африка, каде што се смета дека се искористува само четвртина од потенцијалот за земјоделско производство.

САД

Многу училишта и универзитети ги заменуваат учебниците со електронски таблети во кои се ставени потребните материјали, апликации и други содржини. Меѓутоа, сѐ уште е под знак прашалник дали оваа опција е поисплатлива.