Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ БИБЛИЈАТА Е КОРИСНА ДЕНЕС?

Начела кои важат во секое време и за секој човек — верност

Начела кои важат во секое време и за секој човек — верност

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста“ (Евреите 13:4).

КАКО НИ КОРИСТИ: Некои луѓе сметаат дека овој совет е застарен. Но, тие се во голема заблуда. И денес неверството боли исто толку силно како и во времето кога била напишана Библијата (Изреки 6:34, 35).

Џеси, кој е сопруг и татко, вели: „Јас и жена ми имаме цврст и среќен брак затоа што сме верни еден на друг. Всушност, за еден добар брак неопходно е брачните партнери да имаат меѓусебна доверба. Неверството ја поткопува довербата во бракот“. Освен што ја разнишува брачната врска, неверството им нанесува голема штета и на децата.

Лија * го изложила својот брак на голема опасност. Таа вели: „Се здружив со луѓе што имаа лоши навики. Набрзо почнав да водам бурен ноќен живот и да го изневерувам маж ми“. Дали била посреќна кога почнала да живее така? Не. Таа се чувствувала мизерно затоа што постојано имала кавги со својот сопруг. Лија додава: „Кога видов во колку бедна ситуација се доведов себеси, сфатив дека моите родители навистина беа во право кога секогаш одново ми велеа: ‚Лошото друштво ги расипува добрите навики‘“ (1. Коринќаните 15:33).

Таа продолжува: „Пред да биде предоцна, решив да престанам со мојот погрешен начин на живот и да ја проучувам Библијата. Но, овојпат почнав да го применувам она што го учев“. Каков бил резултатот? Лија успеала да си го зачува бракот, а сопругот постапувал со неа пољубезно и со поголема почит. Таа додава: „Библијата ми го смени животот и воопшто не жалам што ги оставив лошите навики и лошото друштво“.

^ пас. 6 Некои имиња се сменети.