Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приврзаноста и верноста се како котва која му помага на бракот да остане стабилен во бурни времиња

ЗА БРАЧНИ ДВОЈКИ

1. Приврзаност и верност

1. Приврзаност и верност

ШТО ЗНАЧИ ТОА

Приврзаноста и верноста им помагаат на мажот и жената да гледаат сериозно на бракот и да го сметаат за трајна врска. Тоа им дава чувство на сигурност. И двајцата се уверени дека другиот ќе даде сѐ од себе за да го зачува бракот дури и кога минуваат низ бурен период.

Некои брачни двојки се чувствуваат принудени да останат заедно поради притисокот од општеството или семејството. Но, многу подобро е кога тие се решени да останат заедно затоа што се сакаат и почитуваат.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Мажот да не ја остава жената (1. Коринќаните 7:11).

„Ако си решен да си го зачуваш бракот, нема лесно да се навредуваш. Брзо ќе простуваш и ќе бидеш спремен да се извиниш. На проблемите ќе гледаш како на пречки кои можат да се надминат, а не како на нешто што ќе му стави крај на вашиот брак“ (Михеј).

ЗОШТО Е ВАЖНО

Доколку сопружниците не гледаат на бракот како на трајна врска, кога ќе се појават проблеми, лесно можат да си помислат: „Едноставно не сме еден за друг“ и да бараат начини како да му стават крај на бракот.

„Многумина стапуваат во брак со мислата дека имаат ’резервен план‘ — развод. Кога луѓето влегуваат во брак со оваа мисла, покажуваат дека уште од самиот почеток не се решени да си го зачуваат бракот“ (Џин).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

ПРЕИСПИТАЈ СЕ

Како реагираш кога меѓу тебе и твојот сопружник ќе се појави несогласување?

  • Дали се каеш што си стапил во брак со него?

  • Дали посакуваш да бидеш со некој друг?

  • Дали кажуваш изјави како: „Ќе те оставам“ или „Ќе си најдам некој што ќе ме цени“?

Ако одговори со „да“ барем на едно од овие прашања, добро е веднаш да преземеш нешто за да си го зајакнеш бракот.

РАЗГОВАРАЈ СО СВОЈОТ БРАЧЕН ДРУГАР

  • Дали сѐ уште сме исто толку приврзани како порано? Ако не, зошто?

  • Што можеме да направиме за да си го зајакнеме бракот?

ПРЕДЛОЗИ

  • Одвреме-навреме напиши му љубовна порака на твојот брачен другар.

  • Покажи дека ти е важен бракот така што ќе ставиш фотографии од својот сопружник на работното место.

  • Јавувај му се секој ден кога си на работа или кога не сте заедно.

БИБЛИСКО НАЧЕЛО: Бог што составил, човек да не разделува! (Матеј 19:6).