Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

КАКО ДА СЕ СПРАВИШ СО СТРЕСОТ

Дали си под стрес?

Дали си под стрес?

„Секој човек доживува одредена мера стрес, но јас сум под навистина огромен стрес. Не се борам само со еден голем проблем, туку со повеќе тешки ситуации. Згора на сѐ, веќе со години се грижам за мојот сопруг кој е физички и психички болен“ (Џули). a

„Жена ми ме напушти и затоа морав сам да ги одгледам нашите две деца. Не беше лесно да се грижам за нив како самохран родител. Освен тоа, останав без работа и немав пари да си ја поправам колата. Не гледав излез од ситуацијата. Бев под огромен стрес. Длабоко во себе знаев дека е погрешно да се самоубијам, и затоа го молев Бог да умрам“ (Брајан).

Дали и ти понекогаш си под толку голем стрес како Џули и Брајан? Ако да, се надеваме дека следниве статии ќе те утешат и ќе ти помогнат. Во нив ќе можеш да прочиташ кои се некои вообичаени причини за стрес, како може стресот да влијае врз нас и како да научиме подобро да се справуваме со стресните ситуации.

a Имињата се сменети.