Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 20: Дина упаѓа во неволја

Приказна 20: Дина упаѓа во неволја

ГЛЕДАШ ЛИ кај кого оди Дина на посета? Оди да посети некои девојки што живеат во земјата Ханаан. Дали нејзиниот татко Јаков ќе се радува на тоа? За да одговориме на ова прашање, да се сетиме што мислеле Авраам и Исак за жените од Ханаан.

Дина ги посетува девојките во Ханаан

Дали Авраам сакал неговиот син Исак да се ожени со девојка од Ханаан? Не, не сакал. А дали Исак и Ревека сакале нивниот син Јаков да се ожени со Ханаанка? Не, не сакале. Знаеш ли зошто?

Затоа што луѓето во Ханаан им служеле на лажни богови. Тие не биле добри луѓе за некој да се ожени или да се омажи за нив, и не биле добри луѓе за да биде пријател со нив. Затоа можеме да бидеме сигурни дека Јаков не сакал неговата ќерка да се спријатели со овие Ханаанки.

Сосема сигурно, Дина упаднала во неволја. Го гледаш ли на сликата Ханаанецот што ја гледа Дина? Тој се викал Сихем. Еден ден, кога Дина дошла на посета, Сихем ја зел Дина и ја присилил да легне со него. Тоа било погрешно затоа што само венчаните мажи и жени можат да спијат заедно. Оваа лоша работа која Сихем ја направил со Дина довела до многу други проблеми.

Кога чуле што се случило, браќата на Дина многу се налутиле. Двајца од нив, Симеон и Леви, биле толку лути што зеле мечеви, па отишле во градот и ги начекале луѓето неподготвени. Тие и нивните браќа ги убиле Сихем и сите други мажи. Јаков многу се налутил затоа што неговите синови ја направиле оваа лоша работа.

Како започнале сите овие проблеми? Така што Дина се спријателила со луѓе што не биле послушни на Божјите закони. Ние не сакаме да имаме такви пријатели, нели?

1. Мојсеева 34:1-31.



Прашања

  • Зошто Авраам и Исак не сакале нивните деца да се оженат со Ханаанки?
  • Дали на Јаков му се допаѓало тоа што неговата ќерка се спријателувала со девојки од Ханаан?
  • Кој е човекот на сликата, кој ја гледа Дина, и која лоша работа ја направил тој?
  • Што направиле Симеон и Леви, браќата на Дина, кога чуле што се случило?
  • Дали Јаков се согласил со она што го направиле Симеон и Леви?
  • Како започнале сите тие проблеми во семејството?

Дополнителни прашања

  • Прочитај 1. Мојсеева 34:1-31.

    Дали Дина се дружела со ќерките од ханаанската земја само еднаш? Објасни. (1. Мој. 34:1).

    Зошто и Дина е донекаде виновна што ја изгубила својата невиност? (Гал. 6:7).

    Како покажуваат младите денес дека го сфаќаат сериозно предупредувачкиот пример на Дина? (Изр. 13:20; 1. Кор. 15:33; 1. Јов. 5:19).