Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 26: Јов му е верен на Бог

Приказна 26: Јов му е верен на Бог

ДАЛИ ти е жал за овој болен човек? Тој се вика Јов, а оваа жена е неговата сопруга. Знаеш ли што му вели таа на Јов? 'Проколни го Бог и умри!‘ Да видиме зошто таа воопшто му рекла такво нешто и зошто Јов страдал толку многу.

Јов со чиреви

Јов бил верен човек кој му бил послушен на Јехова. Живеел во земјата Уз, недалеку од Ханаан. Јехова многу го сакал Јов, но имало некој што го мрази. Знаеш ли кој?

Тоа бил Сатана Ѓаволот. Сети се, Сатана е лошиот ангел кој го мрази Јехова. Тој успеал да ги натера Адам и Ева да му бидат непослушни на Јехова, па мислел дека ќе успее да ги натера и сите други да му бидат непослушни на Јехова. Но, дали го постигнал тоа? Не. Само помисли на многуте верни мажи и жени за кои учевме. Колку од нив можеш да наброиш?

Откако Јаков и Јосиф умреле во Египет, Јов бил најверниот човек на Јехова на целата Земја. Јехова сакал да му покаже на Сатана дека не може да ги натера сите да бидат лоши, па затоа му рекол: 'Погледни го Јов. Види колку ми е верен‘.

'Тој е верен‘, му одвратил Сатана, 'затоа што ти го благословуваш и има многу добри работи. Но, ако му ги одземеш, ќе те проколне.‘

Затоа Јехова рекол: 'Добро. Одземи му ги. Направи му на Јов какво сакаш зло. Ќе видиме дали ќе ме проколне. Само не смееш да го убиеш‘.

Најпрво Сатана предизвикал некои луѓе да му ги украдат на Јов говедата и камилите, а овците да му бидат убиени. Потоа, со помош на една силна бура, ја урнал куќата во која биле неговите 10 синови и ќерки, и ги убил сите. Како следно, Сатана го удрил Јов со оваа ужасна болест. Јов многу страдал. Ете затоа жена му на Јов му рекла: 'Проколни го Бог и умри‘. Но Јов не го сторил тоа. Исто така, кај него дошле тројца негови лажни пријатели и му рекле дека не живеел како што треба. Но Јов останал верен.

Ова многу го израдувало Јехова, па затоа на крајот го благословил Јов, како што можеш да видиш на сликата. Го излекувал од неговата болест, повторно му дал 10 убави деца и двојно повеќе говеда, овци и камили.

Ќе му бидеш ли секогаш верен на Јехова како Јов? Ако си му верен, Бог ќе те благослови и тебе. Ќе можеш да живееш засекогаш кога целата Земја ќе стане исто толку убава како градината Еден.

Јов 1:1-22; 2:1-13; 42:10-17.

Јов и неговото семејство


Прашања

  • Кој бил Јов?
  • Што се обидел Сатана да направи, но дали успеал?
  • Што му дозволил Јехова на Сатана, и зошто?
  • Зошто жена му на Јов му рекла 'да го проколне Бог и да умре‘? (Види ја сликата.)
  • На кој начин Јехова го благословил Јов, како што можеш да видиш од втората слика, и зошто?
  • Ако сме му верни на Јехова како што му бил верен Јов, какви благослови ќе добиеме?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Јов 1:1-22.

    На кој начин можат христијаните денес да се угледаат на Јов? (Јов 1:1; Фил. 2:15; 2. Пет. 3:14).

  • Прочитај Јов 2:1-13.

    На кои два сосема различни начини реагирале Јов и неговата жена на маките што им ги задал Сатана? (Јов 2:9, 10; Изр. 19:3; Мих. 7:7; Мал. 3:14).

  • Прочитај Јов 42:10-17.

    Кои сличности постојат меѓу наградата што ја добил Јов и она што го добил Исус за верноста кон Бог во својот живот? (Јов 42:12; Фил. 2:9-11).

    Какво охрабрување ни влеваат благословите што ги добил Јов затоа што му останал верен на Бог? (Јов 42:10, 12; Евр. 6:10; Јак. 1:2-4, 12; 5:11).