Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

3. дел: Од ослободувањето од Египет до првиот израелски цар

3. дел: Од ослободувањето од Египет до првиот израелски цар

Мојсеј ги избавил Израелците од ропството во Египет и ги довел до планината Синај, каде што Бог им ги дал своите закони. Подоцна, Мојсеј испратил 12 мажи да ја извидат земјата Ханаан. Но, десетмина од нив донеле лоши вести. Тие го навеле народот да посака да се врати во Египет. Бидејќи Израелците немале доволно вера, Бог ги казнил 40 години да талкаат низ пустината.

На крајот, Исус Навин бил избран да ги води Израелците до земјата Ханаан. За да им помогне да ја заземат земјата, Јехова направил чуда. Тој предизвикал реката Јордан да престане да тече, ѕидиштата на Ерихон да паднат, а сонцето да стои во место еден цел ден. По шест години, земјата им била одземена на Ханаанците.

Почнувајќи со Исус Навин, судии владееле со Израел 356 години. Ќе учиме за некои од нив, меѓу кои се: Варак, Гедеон, Јефтај, Самсон и Самоил. Исто така, ќе читаме за жени како што се: Раав, Девора, Јаила, Рут, Ноемина и Делила. Сѐ на сѐ, ТРЕТИОТ дел опфаќа 396 години од историјата.

Светиот шатор