Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 94: Тој ги сака малите деца

Приказна 94: Тој ги сака малите деца

ВИДИ ГО Исус како го гушка детето. Можеш да видиш дека Исус навистина се грижи за малите деца. Луѓето што го гледаат се неговите апостоли. Што им рекол Исус ним? Да видиме.

Исус и неговите апостоли кратко пред тоа се вратиле од едно долго патување. По патот апостолите се карале. Затоа, откако пристигнале, Исус ги прашал: 'За што расправавте по патот?‘ Всушност, Исус знаел за што расправале. Но им го поставил прашањето за да види дали ќе му кажат.

Исус со едно дете

Апостолите не одговориле бидејќи по патот расправале за тоа кој од нив е најголем. Некои апостоли сакале да бидат поважни од другите. Како им кажал Исус дека не е исправна желбата да се биде најголем?

Тој повикал едно мало дете и го застанал пред сите нив. Потоа им рекол на своите ученици: 'Сакам да го знаете ова: ако не се промените и не станете како мали деца, никогаш нема да влезете во Божјето царство. Најголемиот во царството е оној што ќе стане како ова дете‘. Знаеш ли зошто Исус го рекол ова?

Затоа што на малите деца не им е важно дали ќе бидат поважни од другите или не. Затоа апостолите требало да научат да бидат како деца во тој поглед и да не се караат за тоа кој ќе биде на повисока положба или поважен.

Исус и другпат покажал колку многу се грижи за малите деца. Неколку месеци подоцна, некои луѓе ги донеле своите деца кај Исус. Апостолите се труделе да ги спречат. Но Исус им рекол на своите апостоли: 'Пуштете ги децата да доаѓаат кај мене и не спречувајте ги, бидејќи на оние што се како нив им припаѓа Божјето царство‘. Потоа Исус ги зел децата во прегратка и ги благословил. Зарем не е добро да се знае дека Исус ги сака малите деца?

Матеј 18:1-4; 19:13-15; Марко 9:33-37; 10:13-16.



Прашања

  • За што се карале апостолите кога се враќале од едно долго патување?
  • Зошто Исус повикал едно мало дете и го застанал пред апостолите?
  • Во кој поглед апостолите требало да научат да бидат како деца?
  • Како неколку месеци подоцна Исус покажал дека ги сака децата?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 18:1-4.

    Зошто Исус користел споредби за да поучува? (Мат. 13:34, 36; Мар. 4:33, 34).

  • Прочитај Матеј 19:13-15.

    Кои особини на малите деца мора да ги имаме и ние ако сакаме да ги добиеме благословите на Царството? (Пс. 25:9; 138:6; 1. Кор. 14:20).

  • Прочитај Марко 9:33-37.

    Што ги поучувал Исус своите ученици во врска со желбата да се има висока положба? (Мар. 9:35; Мат. 20:25, 26; Гал. 6:3; Фил. 2:5-8).

  • Прочитај Марко 10:13-16.

    Колку пристаплив бил Исус, и што можат христијанските старешини да научат од неговиот пример? (Мар. 6:30-34; Фил. 2:1-4; 1. Тим. 4:12).