Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 98: На Маслинската Гора

Приказна 98: На Маслинската Гора

ОВА е Исус на Маслинската Гора. Четворицата мажи со него се неговите апостоли. Тие се браќата Андреј и Петар, како и браќата Јаков и Јован. Тоа што можеш да го видиш во далечината е Божјиот храм во Ерусалим.

Поминале два дена откако Исус влегол во Ерусалим јавајќи на младо магаре. Било вторник. Претходно тој ден, Исус бил во храмот. Таму свештениците се обиделе да го фатат Исус за да го убијат. Но, се плашеле да го сторат тоа бидејќи народот го сакал Исус.

Исус и неговите апостоли

Исус ги нарекол тие верски водачи 'змии и змиски синови‘. Тогаш рекол дека Бог ќе ги казни поради сите лоши работи што ги направиле. Потоа, се качил на Маслинската Гора и тогаш овие четворица апостоли почнале да му поставуваат прашања. Знаеш ли што го прашале?

Апостолите го прашале за иднината. Тие знаеле дека Исус ќе му стави крај на сето зло на Земјата. Но сакале да знаат кога ќе се случи тоа. Кога ќе дојде Исус повторно за да владее како Цар?

Исус знаел дека неговите следбеници на Земјата не ќе можат да го видат кога ќе дојде повторно. Тоа е затоа што тој ќе биде на небото и тие не ќе можат да го видат таму. Затоа Исус им кажал на своите апостоли некои работи што ќе се случуваат на Земјата кога тој ќе владее како Цар на небото. Кои се тие работи?

Исус рекол дека ќе има големи војни, многу луѓе ќе бидат болни и гладни, ќе има многу тежок криминал и ќе има големи земјотреси. Исто така рекол дека добрата вест за Божјето Царство ќе се проповеда насекаде по Земјата. Сме виделе ли дека се случуваат овие работи во нашево време? Да! И затоа можеме да бидеме сигурни дека Исус сега владее на небото. Наскоро тој ќе му стави крај на сето зло на Земјата.

Матеј 21:46; 23:1-39; 24:1-14; Марко 13:3-10.



Прашања

  • Кој од овие луѓе на сликата е Исус, и кои се тие што се со него?
  • Што се обиделе свештениците да му направат на Исус во храмот, и што им рекол тој?
  • Што го прашале апостолите Исус?
  • Зошто Исус им кажал на своите апостоли некои работи што ќе се случуваат на Земјата кога тој ќе владее како Цар на небото?
  • Што рекол Исус дека ќе се случува пред да му стави крај на сето зло на Земјата?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Матеј 23:1-39.

    Иако Библијата покажува дека користењето на световни титули е на место, што покажуваат Исусовите зборови во Матеј 23:8-11 во врска со користењето на ласкави титули во христијанското собрание? (Дела 26:25; Рим. 13:7; 1. Пет. 2:13, 14).

    Што користеле фарисеите за да ги спречат луѓето да станат христијани, и како верските водачи користат слични тактики во нашево време? (Мат. 23:13; Лука 11:52; Јован 9:22; 12:42; 1. Сол. 2:16).

  • Прочитај Матеј 24:1-14.

    Како е нагласено во Матеј 24:13 дека е важно да истраеме?

    Што значи изразот "крајот“ во Матеј 24:13? (Мат. 16:27; Рим. 14:10-12; 2. Кор. 5:10).

  • Прочитај Марко 13:3-10.

    Кој израз во Марко 13:10 покажува дека е итно да се проповеда добрата вест, и како треба да влијаат врз нас зборовите на Исус? (Рим. 13:11, 12; 1. Кор. 7:29-31; 2. Тим. 4:2).