Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 109: Петар го посетува Корнелиј

Приказна 109: Петар го посетува Корнелиј

НА СЛИКАТА апостол Петар стои, а зад него се некои негови пријатели. Но, зошто човекот му се поклонува на Петар? Треба ли да го прави тоа? Знаеш ли кој е тој?

Петар се сретнува со Корнелиј

Човекот е Корнелиј. Тој бил римски воен заповедник. Корнелиј не го познавал Петар, но му било речено да го покани во својата куќа. Ајде да откриеме како дошло до тоа.

Првите следбеници на Исус биле Евреи, но Корнелиј не бил Евреин. Сепак, го сакал Бог, му се молел и им правел многу добрини на луѓето. Затоа, едно попладне, еден ангел му се појавил и му рекол: 'Бог е задоволен со тебе и ќе одговори на твоите молитви. Испрати неколку луѓе за да доведат еден човек кој се вика Петар. Тој престојува во Јопа, во куќата на Симон кој живее покрај морето‘.

Корнелиј веднаш испратил луѓе да го најдат Петар. Следниот ден, кога луѓето биле блиску до Јопа, Петар бил на рамниот покрив од куќата на Симон. Таму Бог предизвикал Петар да мисли дека гледа едно големо платно како слегува од небото. Во платното имало секакви видови животни. Според Божјиот закон, овие животни биле нечисти за јадење, па сепак еден глас рекол: ,Петар' стани! Заколи ги и јади!‘

'Никако!‘ — одговорил Петар. 'Никогаш не сум јадел нешто нечисто.‘ Но гласот му рекол на Петар: 'Не нарекувај го нечисто она за кое Бог сега вели дека е чисто‘. Ова се случило три пати. Додека Петар се чудел што значело сето тоа, луѓето што ги испратил Корнелиј пристигнале во куќата и го побарале Петар.

Петар слегол по скалите и рекол: 'Јас сум човекот кого го барате. Зошто сте дојдени?‘ Кога луѓето му објасниле дека еден ангел му рекол на Корнелиј да го покани Петар во својот дом, Петар се согласил да оди со нив. Следниот ден, Петар со пријателите отишол во Цезареја да го посети Корнелиј.

Корнелиј ги собрал своите роднини и блиски пријатели. Кога Петар дошол, Корнелиј го пречекал. Тој паднал на колена и се поклонил пред нозете на Петар, како што можеш да видиш на сликата. Но Петар рекол: 'Стани! И јас сум човек‘. Да, Библијата покажува дека не е исправно човек да се поклонува на човек и да го обожава. Ние треба да го обожаваме само Јехова.

Потоа Петар им проповедал на присутните. 'Сега сфаќам дека Бог ги прифаќа сите луѓе кои сакаат да му служат‘, рекол Петар. И додека зборувал, Бог ги исполнил луѓето со својот свет дух, и тие почнале да зборуваат на различни јазици. Учениците што дошле со Петар, а биле Евреи, многу се изненадиле поради ова, бидејќи тие мислеле дека Бог ги сака само Евреите. Но од тоа научиле дека Бог не ги смета луѓето од еден народ за подобри или поважни од луѓето од друг народ. Зарем не е добро сите ние да го запомниме ова?

Дела 10:1-48; 11:1-18; Откровение 19:10.



Прашања

  • Кој е човекот што се поклонува на сликата?
  • Што му рекол еден ангел на Корнелиј?
  • Додека Петар бил на покривот од куќата на Симон во Јопа, што предизвикал Бог да види Петар?
  • Зошто Петар му рекол на Корнелиј дека не треба да му се поклонува и да го обожава?
  • Зошто учениците што дошле со Петар, а биле Евреи, биле многу изненадени?
  • Која важна поука треба да ја научиме од посетата на Петар на Корнелиј?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Дела 10:1-48.

    Што ни покажуваат зборовите на Петар запишани во Дела 10:42 во врска со проповедањето на добрата вест за Царството? (Мат. 28:19; Мар. 13:10; Дела 1:8).

  • Прочитај Дела 11:1-18.

    Каков став покажал Петар кога станало очигледно дека Јехова ги води работите во врска со незнабошците, и како можеме да го следиме неговиот пример? (Дела 11:17, 18; 2. Кор. 10:5; Еф. 5:17).