Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

8. дел: Она што го прорекла Библијата се остварува

8. дел: Она што го прорекла Библијата се остварува

Библијата не само што ни ја раскажува вистинитата приказна за она што се случило во минатото туку ни кажува и што ќе се случи во иднина. Луѓето не можат да ја претскажат иднината. Токму затоа знаеме дека Библијата е од Бог. Што вели Библијата за иднината?

Таа зборува за една голема војна на Бог. Во оваа војна Бог ќе ја исчисти Земјата од сета злоба и од сите лоши луѓе, но ќе ги заштити оние што му служат нему. Исус Христос, царот поставен од Бог, ќе се погрижи Божјите слуги да имаат мир и среќа, и никогаш повторно да не се разболат и да не умрат.

Можеме да бидеме среќни што Бог ќе направи нов рај на Земјата, нели? Но, ние мораме да сториме нешто ако сакаме да живееме во тој рај. Во последната приказна од книгата ќе научиме што мораме да правиме за да ги добиеме сите овие прекрасни работи кои Бог ќе им ги даде на оние што му служат. Затоа, прочитај го ОСМИОТ дел и откриј што прорекла Библијата за иднината.

Сцена од рајот