Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 114: Крајот на сето зло

Приказна 114: Крајот на сето зло

ШТО гледаш овде? Да, војска на бели коњи. Но забележи од каде доаѓаат. Коњите во галоп слегуваат од небото по облаците! Дали навистина на небото има коњи?

Исус како Цар на небото

Не, тоа не се вистински коњи. Ова го знаеме бидејќи коњите не можат да трчаат по облаци, нели? Но, Библијата зборува за коњи на небото. Знаеш ли зошто?

Поради тоа што некогаш коњите многу се користеле во војните, Библијата зборува за лица кои слегуваат од небото јавајќи на коњи за да покаже дека Бог ќе води војна со луѓето на Земјата. Знаеш ли како е наречена оваа војна? Армагедон. Во таа војна ќе биде уништено сето зло на Земјата.

Исус ќе го преземе водството во оваа војна наречена Армагедон. Се сеќаваш ли дека Јехова го избрал Исус да биде цар на Неговата влада? Затоа Исус носи царска круна. А мечот покажува дека тој ќе ги убие сите Божји непријатели. Зарем треба да бидеме изненадени што Бог ќе ги уништи сите лоши луѓе?

Отвори кај 10-тата приказна. Што гледаш таму? Да, големиот потоп кој ги уништил лошите луѓе. Кој го предизвикал тој потоп? Јехова Бог. А сега отвори кај 15-тата приказна. Што се случило таму? Содом и Гомор биле уништени со огнот што Јехова го пуштил.

Сврти кај 33-тата приказна. Види што се случило со коњите и со бојните коли на Египќаните. Кој предизвикал водата да падне врз нив? Јехова. Тој го сторил тоа за да го заштити својот народ. Отвори и кај 36-тата и 76-тата приказна. Таму ќе видиш дека Јехова дури дозволил неговиот народ, Израелците, да бидат уништени поради нивната лошотија.

Според тоа, не треба да се изненадиме што Јехова ќе ги испрати своите небесни војски да му стават крај на сето зло на Земјата. Но, само замисли што ќе значи тоа! Сврти на следната страница, па ќе видиме.

Откровение 16:16; 19:11-16.



Прашања

  • Зошто Библијата зборува за коњи на небото?
  • Како е наречена Божјата војна против лошите луѓе на Земјата, и која е целта на оваа војна?
  • Кој ќе предводи во битката, како што се гледа на сликата? Зошто носи круна, и што означува неговиот меч?
  • Гледајќи наназад на 10., 15. и 33. приказна, зошто не треба да бидеме изненадени што Бог ќе ги уништи лошите луѓе?
  • Како 36. и 76. приказна покажуваат дека Бог ќе ги уништи лошите луѓе иако тврдат дека го обожаваат?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Откровение 19:11-16.

    Како Библијата јасно покажува дека Исус Христос е јавачот на белиот коњ? (Отк. 1:5; 3:14; 19:11; Иса. 11:4).

    Како крвта со која е испрскана Исусовата облека потврдува дека неговата победа е одлучувачка и целосна? (Отк. 14:18-20; 19:13; Иса. 63:1-6).

    Кои се тие што најверојатно се вклучени во војската што го следи Исус на неговиот бел коњ? (Отк. 12:7; 19:14; Мат. 25:31, 32).