Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Приказна 115: Нов рај на Земјата

Приказна 115: Нов рај на Земјата

ПОГЛЕДНИ ГИ сите овие високи дрвја, убави цвеќиња и високи планини. Зарем не е убаво тука? Види како срната јаде од раката на детето. И види ги лавовите и коњите како стојат таму на ливадата. Зарем не би сакал да живееш во куќа што се наоѓа на вакво место?

Бог сака ти да живееш засекогаш во рај на Земјата. И тој не сака да имаш болки и страдања како што имаат луѓето денес. Едно библиско ветување, кое им е дадено на оние што ќе живеат во новиот рај, гласи: 'Бог ќе биде со нив. Ќе нема повеќе ниту смрт, ниту тага, ниту болка. Старите работи поминаа‘.

Исус ќе се погрижи да се случи таа прекрасна промена. Знаеш ли кога? Да, откако ќе ја исчисти Земјата од сето зло и од лошите луѓе. Се сеќаваш ли дека Исус, кога бил на Земјата, ги лечел луѓето од сите видови болести, па дури и ги подигал луѓето од мртвите? Тој го сторил тоа за да покаже што ќе направи на целата Земја кога ќе стане Цар на Божјето Царство.

Само помисли колку убаво ќе биде во новиот рај на Земјата! Исус, заедно со некои од оние што ги избрал, ќе владее на небото. Овие владетели ќе водат грижа за сите на Земјата и ќе им помогнат да бидат среќни. Ајде да видиме што треба да направиме за да бидеме сигурни дека Бог ќе ни даде вечен живот во својот нов рај.

Откровение 21:3, 4; 5:9, 10; 14:1-3.

Сцена од рајот


Прашања

  • Во какви услови ќе живееме во Рајот на Земјата, за кој зборува Библијата?
  • Како гласи едно библиско ветување што им е дадено на оние што ќе живеат во Рајот?
  • Кога ќе се погрижи Исус да се случи таа прекрасна промена?
  • Што сторил Исус, кога бил на Земјата, за да покаже што ќе направи како Цар на Божјето Царство?
  • За што ќе се погрижат Исус и неговите небесни совладетели кога ќе владеат над Земјата од небото?

Дополнителни прашања

  • Прочитај Откровение 5:9, 10.

    Зошто можеме да бидеме сигурни дека оние што ќе владеат над Земјата во текот на Илјадагодишното владеење ќе бидат сочувствителни и милосрдни цареви и свештеници? (Еф. 4:20-24; 1. Пет. 1:7; 3:8; 5:6-10).

  • Прочитај Откровение 14:1-3.

    Што значи тоа што името на Таткото и името на Јагнето се напишани на челата на 144.000? (1. Кор. 3:23; 2. Тим. 2:19; Отк. 3:12).