Милиони духовни суштества
Библијата вели дека има многу духовни суштества. Самиот Јехова е дух (Јован 4:24; 2. Коринќаните 3:17, 18).
Едно време Јехова бил сам во вселената. Потоа почнал да создава духовни суштества наречени ангели. Тие се многу посилни и поинтелигентни од луѓето. Јехова создал многу ангели. Божјиот слуга Даниел во едно видение можел да види стотици милиони ангели (Даниел 7:10; Евреите 1:7).
Бог ги создал овие ангели пред да ја создаде Земјата (Јов 38:4-7). Ниеден од нив не е човек што некогаш живеел и умрел на Земјата.