Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ПОГЛАВЈЕ 29

Дали сите забави му се допаѓаат на Бог?

Дали сите забави му се допаѓаат на Бог?

Зошто на Бог му се допаѓала оваа забава?

САКАШ ЛИ да одиш на забави?— Тие можат да бидат многу интересни. Што мислиш, дали Големиот Учител би сакал да одиме на забави?— Па, тој отишол на нешто слично на забава кога некој правел свадба, а со него отишле и некои негови ученици. Јехова е „среќниот Бог“ и затоа му е мило кога ние уживаме во убави забави (1. Тимотеј 1:11; Јован 2:1-11).

Страница 29 од оваа книга ни кажува дека Јехова го разделил Црвеното Море за да поминат Израелците. Се сеќаваш ли дека го читаше тоа?— Потоа луѓето пееле и играле и му благодареле на Јехова. Тоа било како една забава. Луѓето биле многу среќни, и можеме да бидеме сигурни дека и Бог бил среќен (Излез 15:1, 20, 21).

Речиси 40 години подоцна, Израелците отишле на една друга голема забава. Овој пат луѓето што ги поканиле не го ни обожавале Јехова. Всушност, луѓето што ги поканиле дури и се поклонувале обожавајќи други богови и имале сексуални односи со лица со кои не биле во брак. Што мислиш, дали било исправно да се отиде на една таква забава?— Па, на Јехова не му се допаднало тоа и тој ги казнил Израелците (Броеви 25:1-9; 1. Коринќаните 10:8).

Библијата ни кажува и за две роденденски забави. Дали едната од нив била за да се прослави роденденот на Големиот Учител?— Не. Овие две роденденски забави биле за мажи што не му служеле на Јехова. Едната била роденденска забава за царот Ирод Антипа. Тој бил владетел на областа Галилеја кога Исус живеел таму.

Царот Ирод правел многу лоши работи. Си ја зел за себе жената на својот брат. Таа се викала Иродијада. Божјиот слуга Јован Крстител му рекол на Ирод дека ова било погрешно. На Ирод не му се допаднало тоа што му го рекол. Затоа наредил Јован да биде ставен в затвор (Лука 3:19, 20).

Додека Јован бил в затвор, дошол денот да се прослави раѓањето на Ирод. Тој направил голема забава. Поканил многу важни луѓе. Сите јаделе, пиеле и уживале. Потоа влегла ќерката на Иродијада и танцувала за нив. Сите биле толку задоволни од нејзиното танцување што царот Ирод сакал да ѝ даде некој посебен подарок. Тој ѝ рекол: „Што и да побараш од мене, ќе ти дадам, па и до половина од моето царство“.

Што ќе побара таа? Пари? Убава облека? Своја лична палата? Девојката не знаела што да каже. Затоа отишла кај мајка си, Иродијада, и ја прашала: „Што да побарам?“

Иродијада, пак, многу го мразела Јован Крстител. Затоа ѝ рекла на ќерка си да ја побара неговата глава. Девојката се вратила кај царот и му рекла: „Сакам веднаш да ми ја дадеш на послужавник главата на Јован Крстител“.

Царот Ирод не сакал да го убие Јован бидејќи знаел дека Јован е добар човек. Но, Ирод веќе го дал ветувањето, и се плашел што ќе мислат другите на забавата ако тој се премисли. Затоа, испратил во затворот еден човек за да му ја отсече главата на Јован. Набрзо, човекот се вратил. Ја носел на послужавник главата на Јован, и ѝ ја дал на девојката. Потоа, девојката ѝ ја дала на мајка си (Марко 6:17-29).

Другата роденденска забава за која зборува Библијата не била ништо подобра. Таа била за еден цар на Египет. Во текот на оваа забава царот исто така наредил некому да му се отсече главата. Потоа го обесил човекот за да го јадат птиците! (Битие 40:19-22). Што мислиш, дали Бог ги одобрил тие две забави?— Ќе сакаше ли ти да бидеш таму?—

Што се случило на роденденската забава на Ирод?

Знаеме дека сѐ што стои во Библијата е запишано со некаква причина. Таа ни кажува само за две роденденски забави. И на двете биле направени лоши работи во текот на прославата. Значи, што мислиш, што сака да ни каже Бог за роденденските забави? Дали Бог сака да славиме родендени?—

Точно е дека на таквите забави денес, луѓето не му ја сечат главата на никого. Но, целата таа замисла за прослава на родендени ја започнале луѓе што не го обожавале вистинскиот Бог. За роденденските прослави спомнати во Библијата една енциклопедија вели: „Само грешници . . . прават големи веселби поради денот на кој се родени“ (The Catholic Encyclopedia). Дали сакаме да бидеме како нив?—

А што е со Големиот Учител? Дали тој го славел својот роденден?— Не, Библијата не кажува ништо за некоја роденденска забава на Исус. Всушност, раните ученици на Исус не го славеле неговиот роденден. Знаеш ли зошто луѓето подоцна избрале да го слават роденденот на Исус на 25 декември?—

Тој датум бил избран затоа што, како што вели една енциклопедија, „луѓето во Рим веќе го одбележувале како празник на Сатурн, со кој се прославувал роденденот на Сонцето“ (The World Book Encyclopedia). Па така, луѓето избрале да го слават роденденот на Исус на датум кога паганите веќе имале празник!

Дали знаеш зошто не е можно Исус да бил роден во декември?— Затоа што Библијата вели дека кога се родил Исус, овчарите сѐ уште биле по полињата во текот на ноќта (Лука 2:8-12). А тие не би седеле надвор во студениот, дождлив месец декември.

Зошто не е можно Исус да се родил на 25 декември?

Многу луѓе знаат дека Божиќ не е роденденот на Исус. Тие дури знаат дека на тој ден паганите имале прослава што не му се допаѓала на Бог. Но, многумина сепак го слават Божиќ. Поважно им е да имаат забава отколку да дознаат што Бог навистина мисли за тоа. Но, ние сакаме да му угодиме на Јехова, зарем не?—

Значи, кога имаме забави, сакаме да се осигураме дека тие се добри во очите на Јехова. Можеме да ги имаме кога и да било во годината. Не мора да чекаме да дојде некој посебен ден. Можеме да јадеме посебна храна и да се забавуваме играјќи некои игри. Би сакал ли да го правиш тоа?— Можеби ќе можеш да разговараш со родителите и со нивна помош да испланираш забава. Тоа би било убаво, нели?— Но, пред да направиш планови за забава, ќе сакаш да се осигураш дека тоа е нешто што Бог ќе го одобри.

Како можеме да се осигураме дека нашите забави му се допаѓаат на Бог?

Колку е важно секогаш да го правиме она што Бог го одобрува е покажано во Пословици 12:2; Јован 8:29; Римјаните 12:2 и 1. Јованово 3:22.