Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ДОДАТОК

Како да се прекине со мастурбирањето

Како да се прекине со мастурбирањето

Мастурбирањето, кое штетно влијае врз духовноста, го прави човек себичен и му ги расипува мислите. * Освен тоа, оној што има навика да мастурбира може да почне да ги гледа другите само како сексуални објекти — играчки со кои ќе си ги задоволи сексуалните желби. Повеќе не гледа на сексот како на израз на љубов меѓу две лица, туку само како на физичка реакција која ќе му донесе моментално задоволство и ќе му го олесни сексуалниот набој. Но, тоа олеснување е само привремено. Реално гледано, наместо да ги усмрти деловите на телото во поглед на „блудот, нечистотијата [и] сексуалната страст“, мастурбацијата уште повеќе ги возбудува (Колошаните 3:5).

Апостол Павле напишал: „Сакани, да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот, и да се усовршуваме во светоста во Божји страв“ (2. Коринќаните 7:1). Ако ти е многу тешко да бидеш послушен на овие зборови, не паѓај во очај. Јехова секогаш е ‚спремен да прости‘ и да помогне (Псалм 86:5; Лука 11:9-13). Тоа што срцето те осудува и што се трудиш да престанеш со оваа навика — и покрај повремените неуспеси — покажува дека имаш добар став. Исто така, не заборавај дека „Бог е поголем од нашето срце и знае сѐ“ (1. Јованово 3:20). Бог не ги гледа само нашите гревови — тој ја гледа целата наша личност. Бидејќи знае сѐ за нас, тој нѐ слуша со сочувство кога горливо го молиме за милост. Затоа, никогаш не се уморувај понизно и отворено да зборуваш со Бог во молитва, како едно дете што оди кај татко си кога има некој проблем. Јехова ќе ти даде чиста совест (Псалм 51:1-12, 17; Исаија 1:18). Се разбира, треба да постапуваш во склад со твоите молитви. На пример, треба да избегнуваш секаков облик на порнографија и лошо друштво. *

Ако навиката да мастурбираш те мачи подолго време, разговарај за тоа со еден од родителите или со некој духовно зрел и обѕирен пријател * (Изреки 1:8, 9; 1. Солуњаните 5:14; Тит 2:3-5).

^ пас. 1 Мастурбација е милување или триење на половите органи, кое обично завршува со оргазам.

^ пас. 2 За да имаат контрола над тоа како се користи компјутерот, во многу семејства тој е ставен на место каде што секој може да види што има на мониторот. Освен тоа, некои семејства купуваат компјутерски програми што не дозволуваат пристап до непожелен материјал. Меѓутоа, ниедна програма не гарантира потполна заштита.

^ пас. 1 Практични предлози за тоа како да се прекине со мастурбирањето можеш да најдеш во статијата „Младите прашуваат... Како да ја оставам оваа навика?“ во Разбудете се! од ноември 2006, и на страници 178-182 во книгата Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1.