Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Спротивен пол

Спротивен пол

1. ДЕЛ

Спротивен пол

Меѓу часовите гледаш дечко и девојка што поминуваат низ ходникот држејќи се за рака. Како се чувствуваш?

□ Сеедно ми е

□ Ме пецка љубомора

□ Пукам од завист

На кино си со друштво и наеднаш сфаќаш дека сите се во парови освен ти! Како се чувствуваш?

□ Не ми е проблем

□ Незгодно ми е

□ Пукам од завист

На твојата најдобра другарка неодамна почнал да ѝ се допаѓа некој дечко и сега излегува со него. Како се чувствуваш?

□ Мило ми е

□ Ме пецка љубомора

□ Ќе пукнам од мака

Дечко и девојка, девојка и дечко. Ги има каде и да се свртиш — на училиште, на улица, во град. Кога и да видиш некој пар, ти доаѓа силна желба и ти да бидеш како нив. Но, дали си спремен за врска? Ако си, како да ја најдеш вистинската личност за тебе? А ако ја најдеш, што да направиш за врската да ви биде морално чиста? Овие прашања се разработени во поглавја 1-5.

[Слика на целата страница 12 и 13]