Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Јосиф

Да учиме од... Јосиф

Да учиме од... Јосиф

Јосиф се наоѓа во тешка ситуација. Жената на неговиот господар постојано го тера да спие со неа. Сега пак навалува! Но, Јосиф не се предава. Всушност, тој одговара одлучно. „Како би можел да направам толку големо зло и да му згрешам на Бог?“ — ѝ вели тој. Таа не прифаќа ‚не‘, туку продолжува — па дури и го зграпчува — но на Јосиф не му е срам да избега од неа. И не само тоа, тој истрчува надвор од куќата! Со тоа Јосиф покажува дека е човек со цврст морал (1. Мојсеева 39:7-12).

И ти може да се најдеш во ситуација кога некој ќе те тера да им се предадеш на своите сексуални желби. За да се спротивставиш, не е доволно само да си решен да не попуштиш. Како прво, треба да сакаш да му угодиш на својот Творец, Јехова Бог. И Јосиф имал сексуални желби, исто како и ти. Меѓутоа, за него било незамисливо да си ги задоволи тие желби на начин со кој би го повредил својот Творец. Исто како него, и ти треба да си уверен дека моралната нечистота го повредува Бог и дека, на крај, секогаш носи длабока болка. Затоа труди се да стекнеш и да зачуваш цврст морал каков што имал Јосиф.