Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Да учиме од... Павле

Да учиме од... Павле

Да учиме од... Павле

Апостол Павле е реален во врска со своите чувства. Тој отворено признава: „Кога сакам да го правам она што е добро, злото е во мене“. Павле има добро срце. „Според својот внатрешен човек навистина уживам во Божјиот закон“, пишува тој. Тогаш во што е проблемот? Павле вели: „Гледам друг закон, кој војува против законот на мојот ум и ме заробува со законот на гревот, кој е во моите делови на телото“. Павле е незадоволен поради своите грешки. „Беден човек сум јас!“ воздивнува тој (Римјаните 7:21-24).

Дали и ти се чувствуваш бедно поради твоите грешки? Ако е така, не заборавај дека и Павле понекогаш се чувствувал така. Но, Павле знаел и дека Христос умрел за луѓе како него. Затоа рекол: „Му благодарам на Бог преку Исус Христос, нашиот Господар!“ (Римјаните 7:25). Павле ја сметал откупнината како дар лично за него. Тој напишал: „Синот Божји... ме сакаше и се предаде себеси за мене“ (Галатите 2:20). Кога си потиштен, размислувај за откупнината. А ако твоите грешки те разочаруваат, никогаш не заборавај дека Христос умрел за грешни луѓе, а не за совршени.