Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 8

Господаровата вечера

Господаровата вечера

(Матеј 26:26-30)

1. Јехова, наш небесен Татко,

о, колку е свет овој миг!

Токму оваа ноќ љубов покажа ти

и мудрост и правда и моќ.

На Пасхата јагне се јало;

ослободен Израел бил.

Векој подоцна спас Исус донел за нас,

како јагне тој себе се дал.

2. И еве нѐ пред тебе сега,

во чест твоја собрани сме.

Чуј нѐ, о Боже наш, и во овој свет час

благодарност прими од нас.

А споменот на овој настан

го чуваме в срце и ум.

Исус пример ни дал да сме верни до крај,

за да имаме живот во рај.