Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 114

Божјата скапоцена Реч

Божјата скапоцена Реч

(Изреки 2:1)

1. На светот има една стара книга

што носи радост, утеха и мир.

И само таа може да им даде

на „мртви“ живот, а на „слепи“ вид.

Се вика Божја Реч ил’ Свето писмо,

а писателите ги избрал Бог.

Му биле верни слуги што ги сакал.

Со својот дух им давал водство Тој.

2. Нам тие точен извештај ни дале

за создавањето на овој свет,

за Рајот кај што човекот бил створен

и зошто после изгубил тој сѐ.

За еден ангел бунтовник што станал

и власта му ја оспорил на Бог.

Тој бунт ни донел смрт и многу болки,

но ќе му дојде крај на сето зло.

3. А ние денес може да сме среќни —

Бог сета власт на Исус му ја дал.

Тој треба сѐ да врати ко што било,

и вечно после Бог да биде Цар.

Да, Речта Божја вистинска е „гозба“ —

ни нуди вкусно „залче“ секој час.

Во душа голем мир ни носи таа.

Зар има нешто послатко за нас?