Песна 84
„Сакам“
1. Каква љубов, о каков дар,
од нашиот небесен Цар!
Дошол од небо тој, со животот свој
нѐ поучил, пример ни бил.
Утеха тој секому дал
и лекувал болни од жал.
Својот Татко го послушал така
и од срце рекол: „Сакам“.
2. Каква помош нашиот Бог
ни дал преку верниот роб!
Радост службата е и заедно сме,
за луѓето правиме сѐ.
Кротките благодарни се
штом љубовта искрена е.
Ти на вдовица, сирак, дај рака
и од срце речи: „Сакам“.
(Види и Јован 18:37; Еф. 3:19; Фил. 2:7.)