Песна 14
Бог прави сѐ ново
1. Настаните за нас се знак: крајот е,
и Христос ко Цар веќе владее.
На небото битката заврши,
а овде, на Земјата, претстои.
(РЕФРЕН)
О, каква радост голема!
Ќе има Рај на Земјата.
Ќе нема смрт, ќе нема тага,
ни бол, ни плачење, ни мака.
Бог рече: ‚Гледај, правам ново сѐ!‘
Навистина, така е!
2. Ерусалим Нов блеска ко невеста
до Божјето Јагне застаната,
со скапоцен накит украсена,
со сјајот Јеховин облеана.
(РЕФРЕН)
О, каква радост голема!
Ќе има Рај на Земјата.
Ќе нема смрт, ќе нема тага,
ни бол, ни плачење, ни мака.
Бог рече: ‚Гледај, правам ново сѐ!‘
Навистина, така е!
3. За радост на сите ќе биде тој град,
со порти отворени секогаш.
Во светлост ќе одат народите,
и ние со дела да „светиме“.
(РЕФРЕН)
О, каква радост голема!
Ќе има Рај на Земјата.
Ќе нема смрт, ќе нема тага,
ни бол, ни плачење, ни мака.
Бог рече: ‚Гледај, правам ново сѐ!‘
Навистина, така е!
(Види и Мат. 16:3; Отк. 12:7-9; 21:23-25.)