Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 7

Христијанскиот завет

Христијанскиот завет

(Евреите 10:7, 9)

1. Вселената Бог ја создал

со раце сопствени.

И Земјата и небото

се дела негови.

Животниот здив го дарил

на сѐ што живо е.

И слава и чест заслужува

од сето создание!

2. Во Јордан Исус се крстил,

да служи спремен бил,

и од срце на својот Татко

тој се помолил.

Од водата штом се кренал,

со дух бил помазан.

Му служел на Бог оддадено,

до крај верен останал.

3. Пред твојот престол, Јехова,

со радост стоиме

и понизни во срцата

се заветуваме.

Првенецот свој го даде,

нѐ купи скапо тој.

Од себе се одрекуваме

за тебе живееме.