Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 18

Божјата лојална љубов

Божјата лојална љубов

(Исаија 55:1-3)

1. Лојална љубов е

Бог Јехова Севишен!

Својот Син го испрати,

гревот наш го очисти,

праведни да бидеме,

вечно да живееме.

(РЕФРЕН)

Ајде, жедни, дојдете,

слободно напијте се!

Земете од водата

живот што дарува.

2. Љубовта лојална

Бог во сѐ ја докажа.

Вети тој од дамнина

верен цар над Земјата.

Сега Исус владее,

Царството го гледаме.

(РЕФРЕН)

Ајде, жедни, дојдете,

слободно напијте се!

Земете од водата

живот што дарува.

3. Љубовта лојална

Бог што ни ја покажа

треба да нѐ поттикне

љубов да даруваме,

сегде да ги бараме

луѓето што кротки се.

(РЕФРЕН)

Ајде, жедни, дојдете,

слободно напијте се!

Земете од водата

живот што дарува.