Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 21

Среќни се милосрдните!

Среќни се милосрдните!

(Матеј 5:7)

1. О, среќни сте, милосрдни,

во Божји очи прекрасни!

Искрените барајте ги,

за милоста кажете им.

Бог Синот ни го испрати,

од гревот клет нѐ очисти,

и милостив тој кон нас е

бидејќи знае: слаби сме.

2. Штом милост покажуваме,

Јехова го радуваме

и чиста совест имаме,

што посед наш е бесценет.

Па, затоа насекаде

со радост проповедаме:

‚О луѓе, разведрете се!

Бог започна да владее!‘

3. А кротките и понизни,

бидејќи се милосрдни,

Јехова ќе ги заштити

во судот што ни претстои.

Постојано да учиме

милосрдни да бидеме.

А Исус и Јехова се

наш пример, да ги следиме.