Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 26

Оди со Бог!

Оди со Бог!

(Михеј 6:8)

1. Со подложност и понизност

Јехова слушај го.

Со скромност и беспрекорност

ти оди со него.

Тој верно ќе ти помага

да не си заведен,

па стегни го за раката

ко мало детенце.

2. Напрегај се да станеш зрел

и биди послушен.

Со Бог да одиш, чист во сѐ,

постави си за цел.

За она што е праведно

и чисто, искрено,

размислувај постојано

и служи истрајно.

3. Штом верно одиш ти со Бог,

ќе бидеш исполнет,

ќе чувствуваш задоволство,

ќе имаш Пријател.

Со Бог да одиш продолжи

и биди радосен.

Во службата за Царството

ќе бидеш најсреќен.