Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 29

Да живееме непорочно

Да живееме непорочно

(Псалм 26)

1. О, суди ми, Јехова праведно,

ти служам искрено, во сѐ оддадено.

Но, ако зло се скрило во мене,

исчисти ме до крај и благослови ме.

(РЕФРЕН)

Јас решен сум, о Боже Севишен,

да бидам секогаш во сѐ непорочен.

2. Не седнувам со неискрените,

го мразам друштвото на лицемерните.

Не погубувај ме со грешни ти.

За поткуп прават сѐ, со злоба преполни.

(РЕФРЕН)

Јас решен сум, о Боже Севишен,

да бидам секогаш во сѐ непорочен.

3. А домот твој го сакам од срце.

Те славам радосно, од љубов секој ден.

Ќе бидам крај жртвеникот твој свет

да знаат сите колку сум благодарен.

(РЕФРЕН)

Јас решен сум, о Боже Севишен,

да бидам секогаш во сѐ непорочен.

(Види и Пс. 25:2.)