Песна 32
Бидете цврсти, непоколебливи!
1. Денес народите збунети се,
не знаат што носи следниот ден.
Непоколебливи треба да сме,
верни и цврсти во сѐ.
(РЕФРЕН)
До крајот цврсти да сме,
без дамка од овој свет
и на Божјата Реч
послушни секој ден.
2. Стапици полн е денешниов свет,
мора во мислите чисти да сме.
Ако по патот на Бог одиме,
тогаш заштитени сме.
(РЕФРЕН)
До крајот цврсти да сме,
без дамка од овој свет
и на Божјата Реч
послушни секој ден.
3. Сакај го длабоко, од срце, Бог.
Вредно на полето собирај род.
Чекај го верно Господарот свој,
и ќе те награди тој.
(РЕФРЕН)
До крајот цврсти да сме,
без дамка од овој свет
и на Божјата Реч
послушни секој ден.
(Види и Лука 21:9; 1. Пет. 4:7.)