Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 39

Нашиот посед — мирот

Нашиот посед — мирот

(Јован 14:27)

1. Богот наш е Бог на мир, слога, единство.

Место војни, спокојство носи наскоро.

Христос, Синот негов, е грижлив, љубезен.

Победа на правдата тој ќе донесе.

2. Сите гневни зборови ги оставивме.

Копјата во српови ги прековавме.

Ваков мир во себеси да зачуваме.

Како Исус секогаш да простуваме.

3. Сите ние мораме мир да твориме.

Мудрост како Божјата да покажеме.

Кротко, мирољубиво да живееме

дури Бог не донесе мир насекаде.