Песна 65
„Тоа е патот“
1. Го најде патот прав
по кој ќе чекориш.
Тој пат од дамнина е,
ти го научи,
бидејќи Исус љубезно
те повика
и овој пат на мирот
ти го покажа.
(РЕФРЕН)
На патот си, кон живот оди ти!
Не врти се, не скршнувај ни миг!
„Да, тој е патот“, ни вели Бог,
„не врти се и оди по него.“
2. Го најде патот прав,
кој те исполнува.
Тој пат го баравме,
Бог ни го откри сам.
Со љубов најтопла
нѐ води сите нас
по овој пат на љубов
сѐ до вечноста.
(РЕФРЕН)
На патот си, кон живот оди ти!
Не врти се, не скршнувај ни миг!
„Да, тој е патот“, ни вели Бог,
„не врти се и оди по него.“
3. Го најде патот,
наназад не врти се.
Бог вели: само така
ќе си најсреќен.
Ќе имаш мир и љубов,
живот прекрасен.
За сето тоа Богот
наш е заслужен.
(РЕФРЕН)
На патот си, кон живот оди ти!
Не врти се, не скршнувај ни миг!
„Да, тој е патот“, ни вели Бог,
„не врти се и оди по него.“