Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 47

Објавувај ја добрата вест

Објавувај ја добрата вест

(Откровение 14:6, 7)

1. О, колку света тајна била скриена

со векови, но сега е откриена.

Јехова, кој е праведен и милостив,

засекогаш од гревот ќе нѐ очисти.

Во време точно однапред одредено

на својот Син тој власт му даде над луѓето.

А едно мало стадо од нив избира

на небото за Синот да е невеста.

2. Јехова сака ова да се разгласи

во наше време, меѓу сите народи.

Со радост и со ревност проповедаме,

во тоа дело со нас се ангелите.

И чест и должност ние денес имаме

Јехова Бог да биде секаде прославен.

Навистина е голема и ретка чест

да носиме кај сите толку добра вест.