Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 49

Јехова ни е заклон

Јехова ни е заклон

(Псалм 91)

1. Јехова ни е заклон,

во сенката нѐ скрил.

Тој сите нас нѐ чува,

под крилјата нѐ свил.

И полни сме со доверба

што не ќе се расколеба.

Прибежиште е наше

што ни дава заштита, мир.

2. Покрај тебе ќе паднат

илјадници, без број,

ти безбеден ќе бидеш,

крај тебе ќе е Тој.

Бог не ќе те заборави

и нема да те остави.

Не плаши се, ќе видиш,

тој го чува верниот свој.

3. Од замките на патот

ќе бидеш спасен ти,

и нема да се сопнеш,

во очај не ќе си.

Крај кобрата ќе поминеш

и граблив лав ќе одминеш.

Јехова ни е заклон,

наша тврдина, голем штит.