Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 73

Сакајте се силно и од срце

Сакајте се силно и од срце

(1. Петрово 1:22)

1. Оној што со љубов е полн

длабоко в срце, искрено,

чувствува нежна сомилост

кон секој сакан брат.

Свесен за потребите е,

секогаш добронамерен,

спремен да даде, помогне,

штом има прилика.

Делата зборуваат

колку во нас гори љубовта.

Водени од добрина,

великодушни да сме.

Сакаме од помош да сме,

почит кон сите имаме,

маните ги покриваме.

Најважно ни е од сѐ сложни да останеме.

2. Кога љубов гори во нас,

гнев тешко нѐ совладува,

имаме многу доверба,

лесно простуваме.

Вистински пријатели сме,

полни со почит, ценење,

сакаме да се дружиме

и да се храбриме.

Сите ние грешиме,

непромислено зборуваме.

Мораме да простиме,

ко што простува и Бог.

Делата на љубов се знак

по кој нѐ препознаваат,

слава на Бог му даваат.

Биди како Богот свој, сакај ко што сака тој.