Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 52

Чувај си го срцето

Чувај си го срцето

(Изреки 4:23)

1. О, внимавај на срцето,

од гревот чувај го.

Бог гледа што е скриено

во него длабоко.

Понекогаш е лажливо,

не слушај го во сѐ

и води го со разумот

за чист да останеш.

2. Отвори си го срцето,

излеј му го на Бог.

Молејќи се, подготви го

да учи за него.

Бидејќи сѐ што бара Бог

за наше добро е,

од сѐ срце верувај му

и биди послушен.

3. Од штетни мисли пази го,

со добри полни го.

Со Речта Божја длабоко

ти продри во него.

Јехова не се менува,

го сака верниот,

па задржи засекогаш

пријателство со Бог.