Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 54

Мора да имаме вера

Мора да имаме вера

(Евреите 10:38, 39)

1. Многупати праќал пророци Бог

да објават што вели Тој.

‚Покајте се сите!‘ — повикот е

до овој безбожен свет.

(РЕФРЕН)

Силна вера потребна е

за до крајот цврсти да сме.

Совет дава Божјата Реч:

‚Со дела вера покажувајте‘.

2. Сведочиме сегде смело, без срам,

заповедта Исус ја дал.

И сѐ дури треба, решени сме

за Бог да носиме вест.

(РЕФРЕН)

Силна вера потребна е

за до крајот цврсти да сме.

Совет дава Божјата Реч:

‚Со дела вера покажувајте‘.

3. А верата наша котва ни е,

без страв во неволјите сме.

Штом светот ќе крене рака на нас,

за крајот тоа е знак.

(РЕФРЕН)

Силна вера потребна е

за до крајот цврсти да сме.

Совет дава Божјата Реч:

‚Со дела вера покажувајте‘.