Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 85

Јехова ќе ве награди

Јехова ќе ве награди

(Матеј 19:29)

1. Јехова е свесен за целиот труд

на сите што ревносни се.

Од горлива желба да дадат за Бог,

жртвуваат некогаш сѐ.

Да оставиш семејство, пријател, дом,

за цената Бог свесен е.

За надомест, прекрасно братство им дал

и живот во новиот свет.

(РЕФРЕН)

Нека Бог вам ви даде награда,

за сите дела, плата целосна.

Нека ве чува под крилјата.

Јехова е верен, ќе исполни сѐ.

2. А сите меѓу нас што не се во брак,

по свој избор или, пак, не,

се прекрасен пример за љубов кон Бог,

за верност без оглед на сѐ.

Понекогаш човек се чувствува сам,

посакува крај себе друг.

Но, ние сме секогаш тука за нив,

го цениме нивниот труд.

(РЕФРЕН)

Нека Бог вам ви даде награда,

за сите дела, плата целосна.

Нека ве чува под крилјата.

Јехова е верен, ќе исполни сѐ.