Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 108

Фали го Јехова поради неговото Царство

Фали го Јехова поради неговото Царство

(Откровение 21:2)

1. Го помаза Бог својот Син

над сите да владее.

Ќе исполни сѐ што ни ветил

во новиот праведен свет.

(РЕФРЕН)

Фалете го Јах, верни овци, што секогаш послушни сте!

Неговиот Син, кој сега е Цар, по цел свет е поздравен.

Фалете го Јах, од ден на ден, за Исус, Месијата свет!

Со радост и моќ е помазан тој за небесен владетел.

2. Повикани, избрани се

и браќата негови.

Ќе владеат со него тие,

ќе донесат рај, вечен мир.