Песна 120
Применувај сѐ што учиш
1. Што покажуваат нашите дела?
Дали го слушаме Исус во сѐ?
Што е вистината знаеме сега,
но во постапките успехот е.
(РЕФРЕН)
Учи од Божјата Реч.
Спремно применувај сѐ.
Клучот за среќен и долг живот е:
учи и примени сѐ.
2. Сам секој избира кај гради куќа,
на карпа или на песоклив слој.
А тој што вистински Исус го слуша
си гради живот на најцврсто тло.
(РЕФРЕН)
Учи од Божјата Реч.
Спремно применувај сѐ.
Клучот за среќен и долг живот е:
учи и примени сѐ.
3. Со родно дрво што расте крај вода
е сличен тој што применува сѐ.
За сите верно по Патот што одат
Бог ветил живот во новиот свет.
(РЕФРЕН)
Учи од Божјата Реч.
Спремно применувај сѐ.
Клучот за среќен и долг живот е:
учи и примени сѐ.
(Види и 5. Мој. 28:2; Пс. 1:3; Изр. 10:22; Мат. 7:24-27.)