Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Песна 80

Особината доброта

Особината доброта

(Псалм 119:66)

1. Колку добар е Јехова

како Татко небесен!

Тоа радост нам ни носи

и нѐ грее секој ден.

Не заслуживме со ништо

толку милост, добрина.

Тој е достоен за слава

сега и во вечноста.

2. Нему слични тој нѐ создал,

па и ние можеме

да сме добри како него

спрема сите секој ден.

Ако молиме за свет дух

и за сите плодови,

од ден на ден, како луѓе,

ќе сме уште подобри.

3. Сите наши браќа, сестри,

ни се мили посебно,

ама и со сите други

добри сме постојано.

Со непристрасност и љубов

добра вест им носиме.

Да покажеме со дела

дека добри луѓе сме.